Утрински Весник
Балкан

Вонредна состојба во нуклеарната централа Козлодуј во Бугарија

Nuclear power plant 4535760 1280.jpg.webp.webp

Во машинската просторија на безбедносниот систем на петтата единица во нуклеарната централа „Козлодуј“ избувна пожар, што предизвика итна реакција од страна на работниците во централата, објави порталот „Новините“.

Поради густиот чад во просторијата, повикана е противпожарна служба, а се преземаат мерки за замена на оштетената опрема.

Официјално беше објавено дека ситуацијата е под контрола и дека нема опасност за луѓето.

Вработените во електраната остануваат во готовност додека инцидентот не биде целосно саниран.

Можете да прочитате

Пукање во Турција, има загинати, вооружениот напаѓач побегнал

Милановиќ одби да даде согласност за новиот израелски амбасадор во Хрватска

Нови правила: Влез во Грција само со нов комплет прва помош