Утрински Весник
Свет

Тројца загинати, осуммина исчезнати во лавина во Непал

20221105200625 big 730x400 18 e1762185937495.webp.webp

Тројца алпинисти, меѓу кои и еден странец, загинале, а уште осум се водат како исчезнати откако лавина погодила експедиција на еден хималајски врв во Непал, соопшти денеска локалната полиција.

Меѓу исчезнатите на планината Јалунг Ри Химал, која се издига на 5.630 метри надморска височина во округот Долакха, североисточно од Катманду, има петмина странски државјани, изјавил полицискиот службеник Џан Кумар Махато. Националностите на загинатите и исчезнатите странци засега не се познати.

Четворица повредени алпинисти биле пренесени во блиското село, а потрагата по исчезнатите, во која учествуваат и хеликоптери, сè уште трае, додал Махато.

– На терен испративме и спасувачки тимови од војската и полицијата и го следиме понатамошниот развој на ситуацијата, изјави тој.

Планината Јалунг Ри се наоѓа во долината Ролвалинг на североистокот од Непал, каде што алпинистите се соочуваат со предизвикувачки услови што вклучуваат карпи, мраз и снег. 

Можете да прочитате

Двајца убиени во нов американски напад врз брод во Тихиот Океан

Европејците масовно се свртуваат против Америка

Најмалку 12 луѓе загинаа при експлозија во шиитска џамија во Исламабад