
Новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, по завршувањето на вториот круг од локалните избори, упати директна порака до својот противкандидат Амар Мециновиќ од Левица, партијата која не освои ниту едно градоначалничко место.
Одговарајќи на новинарско прашање за наводни „ниски удари“ за време на дебатниот дуел меѓу двата кандидати, Ѓорѓиевски рече:
„Само соодветно му одговорив на човекот кој ја лажеше целата македонска јавност дека е дете на стечајци и дека има завршено факултет. Можете да замислите што би направил ако му се дадеше поголема власт.“
Ѓорѓиевски додаде дека му препорачува на својот опонент да го „загрее столчето и да го заврши факултетот“, за да не мора да прибегнува кон лаги.
Оваа изјава следува по убедливата победа на Ѓорѓиевски во вториот круг, со што Левица останува без ниту едно градоначалничко место на овогодинешните локални избори.



