Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ води со 21 мандат, ВЛЕН 4, СДСМ 3 – 19.258 ливчиња неважечки

Img 0436.jpeg

Според најновите податоци од Државната изборна комисија, на последните локални избори излезноста изнесува 47,19%, односно од вкупно 732.683 избирачи, на гласање излегле 345.174 граѓани.

Обработени се 99,84% од избирачките списоци и 99,93% од избирачките места (без ЗРД). Вкупниот број на важечки гласачки ливчиња е 325.982, додека 19.258 ливчиња се неважечки.

ВМРО-ДПМНЕ ја одржа доминацијата со 21 освоен мандат, додека коалицијата ВЛЕН освои 4, а СДСМ 3 мандати. По еден мандат освоија Унија на Роми, Движење Знам, НАИ и ГИ М.Ќура.

Овие резултати покажуваат дека, и покрај релативно ниската излезност, граѓаните продолжуваат да ја препознаваат политичката моќ на ВМРО-ДПМНЕ, додека помалите партии успеаја да обезбедат присуство и влијание во општинските совети.

Можете да прочитате

ДИК: Радически освои 2.943 гласа во Брвеница, излезеноста 46,56 отсто

ВМРО-ДПМНЕ со најмногу гласови во Брвеница – Радичевски освои 2.943 гласа

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните