Утрински Весник
Македонија

СДСМ победи во Центар, Македонска Каменица и Зрновци

Sdsm.webp.webp

Според преборјаните над 99% од гласовите во вториот круг од локалните избори СДСМ доби уште три градоначалнички места.

Вечерва СДСМ победи во скопски Центар, како и во општините Македонска Каменица и Зрновци.

Малку фалеше СДСМ да ги задржи Крушево и Пробиштип но ги изгуби овие општини за само десетици гласови.

Во првиот круг СДСМ пибеди во Кривогаштани, Богданци и Крива Паланка, со што партијата има под владение само шест општини, што е најлош резултат од локалните избори 2013 кога имаше четири опптини.

Можете да прочитате

Повторно опожарено возило на паркинг во Скопје

21 годишен пешак удрен од автомобил во Гостивар

Во изминатите 24 часа уапсени осум возачи