Утрински Весник
Свет

Пет германски планинари го загубија животот во лавина во Јужен Тирол

20251102123014 big 730x400 48.webp.webp

Пет германски планинари го загубија животот во лавина во Јужен Тирол, во северна Италија, соопштија денеска спасувачите.

Телата на три жртви се пронајдени вчера, а уште двајца, кои беа исчезнати, се пронадени денеска.


Сите планинари се германски државјани и беа погодени од лавина вчера околу 16 часот на планината Ортлер, каде што се наоѓа највисокиот врв на Јужен Тирол, на 3.905 метри.

Спасувачите тврдат дека планинарите планинареле во три независни групи. Двајца мажи ја преживеале несреќата и тие со хеликоптер биле однесени во болницата во Болкан.

Јужен Тирол е популарна дестинација за планинарење за германските туристи, а лавините се случуваат релативно често таму, при што регионот има еден од најголемите бројки на смртни случаи во десет години.

Можете да прочитате

Украдени се над 400.000 KitKat чоколадца

Хутите извршија напади врз Израел, ексалира војната на Блискиот исток

Притисок врз НАТО? Трамп се заканува дека ќе ја повлече војската од Германија