Утрински Весник
Македонија

До 11 часот гласале 10, 1 проценти од гласачите на вториот круг од локалните избори

Izbori e1762082041361.webp.webp

Излезеноста на гласачите до 11 часот на вториот круг од гласањето за градоначалници, како што соопшти Државната изборна комисија, изнесува 10,1 проценти согласно податоците добиени од 1276 избирачки места или 92, 94 проценти. Излезеноста на гласачите во Град Скопје до 11 часот изнесува 8,30 проценти, а податоци се добиени од 611 избирачки места или 89,20 проценти.

Портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК) Радица Тодорвска  истакна дека гласањето се одвива непречено без поголеми проблеми, освен оној помал технички проблем во Дојран со УБИК апаратот, но проблемот е надминат и гласањето е продолжено на стариот начин на гласање со УВ ламба и спреј.


До 11 часот највисока е излезеноста на гласачите во Пробиштип каде гласале 22 проценти од избирачите и во Крушево – 19,92, додека најмала е во општините Боговиње со 6,67 и во Шуто Оризари со 5,93 отсто. 

Можете да прочитате

Сведок на судењето за „Лотарија“: Управниот одбор на Лотарија не донел конкретна одлука за набавка на ВЛТ-терминалите

Грција со силна поддршка за реформите во праводуството и европската интграција на Македонија

Уапсени 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит