Утрински Весник
Магазин

Мики Секуловски за инцидентот на Цеца: Можеби требаше порано да изреагирам, но не бев свесен дека се работи за знаме, кога видов веднаш го тргнав (ВИДЕО)

Miki ceca1.jpg
Dik 300x250 mk

Македонскиот пејач Мики Секуловски чиј ментор во „Ѕвездите на Гранд“ беше Цеца Ражнатовиќ, вчера беше со неа сцената на концертот на кој се случи инцидентот со бугарското знаме, па тој вечерва се огласи преку социјалните мрежи и ја објасни ситуацијата од негова гледна точка, односно објасни што тој видел и направил во моментот.

Како што кажа во своето видео Мики во прв момент не видел дека Цеца има некакво знаме, туку забележал некаков натпис и дека веројатно на него има и слика од пејачката, но ни самиот вели не помислил дека е тоа некакво знаме, особено не дека е бугарско знаме.


Вели кога публиката почнала да негодува и да ја исвиркува тек тогаш се свестил дека таа на неа има бугарско знаме и веднаш го земал и го тргнал знамето, додека Цеца збунето го гледала и не знаела што се случува, но штетата веќе беше направена.

„Можеби јас порано требаше да изреагирам, но навистина не приметив дека се работи за бугарско знаме. Тоа што пробував да ја смирувам публиката, тоа беше затоа што ситуацијата веќе почна да излегува од контрола. Луѓето беа изреволтирани, со право беа изреволтирани и пробував да ја смирам ситуацијата. Навистина жално и навистина штета што се случи оваа случка, никој не очекуваше дека во мојот град во Македонија ќе се вее бугарското знаме… никој не го помисли тоа.

Разговарав со неа, таа ми кажа дека нема појма околу нашите односи со Бугарија, дека тие не се воопшто добри. Навистина ми е жал. Требаше да биде и беше прекрасен концерт додека не се случи ова. Се надевам дека ќе го поминеме сето ова и дека ќе се сеќаваме само на убави моменти“, истакна на крајот Секуловски.

Можете да прочитате

Нов пресврт во правната сага меѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони: нејзината тужба останува, неговата падна

Хумус со тиква – 24info.mk

Животните навики на родителите пред бременоста влијаат врз здравјето на детето, тврдат белгиски лекари