Утрински Весник
Македонија

Некој ѝ пукал во глава со водушна пушка додека работела на нива – битолчанка итно пренесена во болница

Brza Pomos 2.jpg

Жена од битолско е повредена во главата, најверојатно од воздушна пушка. Инцидентот се случил на нива помеѓу селата Долно Српци и Вашарејца, а полицијата засега нема осомничен.

Според полицискиот извештај, таа слушнала звук по што почувствувала дека е повредена. Случајот вчера попладне е пријавен во СВР Битола од страна на Клиничката болница.


„На 30.10.2025 во 15:30 часот во СВР Бitoла, од Клиничка болница Битола е пријавено дека кај нив со повреда најверојатно од воздушна пушка е примена Д.М.(54) од село Долно Српци, битолско. Увидна екипа на СВР Битола изврши увид и констатирнао е дека, додека повредената била на нива помеѓу село Долно Српци и село Вашарејца, слушнала звук по што почувствувала дека е повредена на главата. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.“

Можете да прочитате

Шекеринска: Македонија мора да го искористи кредибилитетот во НАТО за деблокада на патот кон ЕУ

Филипче: Платформата е обид за дефокус од тоталниот дебакл на власта

Шекеринска со силна порака од Самитот на НАТО: Путин нема да ја скрши Украина