Утрински Весник
Македонија

Наставничка од Кавадарци сликала пораки од Фејсбук на нејзина колешка и истите ги препраќала кај директорката

Laptop.jpg

ОВР Кавадарци, до ОЈО Кавадарци, поднесе кривична пријава против В.Т.(47) и М.Т.(52), двете од Кавадарци, поради постоење основи за сомнение за сторени кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем” по член 251 и „злоупотреба на лични податоци” по член 149 од Кривичниот законик.

Имено, В.Т., вработена како наставник во училиште во Кавадарци, прво на 04.09.2025, во една од училниците, на службен лап топ компјутер го затекнала отворен приватниот профил на социјална мрежа на една колешка и неовластено фотографирала приватни разговори, со цел да ги пренесе на М.Т., директорка на училиштето. Исто така, В.Т. успеала да ја пронајде и лозинката од профилот на оштетената, по што на 05.09.2025 и 07.09.2025, повторно неовластено фотографирала лични пораки и ги дала на М.Т., која пак ги праќала на други колеги.


На 19.09.2025, на наставнички совет што се одржал во училиштето, откако оштетената укажала дека непознато лице фотографирало нејзини приватни разговори кои се пратени до други лица, М.Т. и се заканила дека доколку пријави, сите пораки што ги поседува ќе ги испратела до други колеги.

Можете да прочитате

Уапсени девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол

Јосифоска: На 34 години ќе ме оставевте во количка и ќе ми го запревте животот

18-годишен делчевец пронашол лични документи и поголема сума пари и ги предал во полиција