Утрински Весник
Балкан

Владата на Србија го прогласи 1 ноември за Ден на жалост

Belgrad Izvor Mia 600x375 1.jpg

Владата на Србија вчера попладне донесе Одлука со која денешниот ден, 1 ноември, се прогласува за Ден на жалост по повод годишнината од смртта и страдањето на граѓани поради уривањето на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад.

„Владата на Србија донесе Одлука за прогласување Ден на жалост по повод годишнината од смртта и страдањето на граѓани поради уривањето на бетонската настреѓница на железничката станица во Нови Сад. Денот на жалост е одреден за 1 ноември 2025 година“, се наведува во Одлуката на Владата.


Како што објави Владата, Денот на жалост почнува на полноќ на денот определен за ден на жалост, а завршува на полноќ на денот определен како последен ден на жалост.

Можете да прочитате

Вучиќ ги распиша изборите на 25 октомври

Од октомври „Ер Србија“ ги зголемува летовите меѓу Белград и Скопје

Вучиќ денеска распишува избори, ќе се одржат на 25 октомври