Утрински Весник
Спорт

Околу 150 турски фудбалски судии суспендирани поради обложување

20251031150014 big 730x400 86.webp.webp
Dik 300x250 mk

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Турција (ТФФ) објави денеска дека суспендирала 149 судии за период од осум до 12 месеци поради обложување на натпревари, додека против уште тројца се во тек дисциплински постапки.

Со истрагата на ТФФ е откриено дека од 571 судии лиценцирани за судење натпревари во професионалните фудбалски лиги во Турција, 371 имаат отворено сметки во спортски обложувалници, а 152 активно се обложуваат. Од судиите вклучени во скандалот, вкупно 22, од кои седум главни судии и 15 линиски судии, суделе натпревари во турската Прва лига.


„Судењето е чесна професија и секој што ќе ја оцрни таа чест никогаш повеќе нема да учествува во турскиот фудбал“, се закани претседателот на ТФФ, Ибрахим Хачиосманоглу.

ТФФ додаде дека десет судии се обложувале на повеќе од 10.000 настани, додека бројот на оние што се обложувале на најмалку 1.000 настани е 42.

Не е познато дали некој од суспендираните судии се обложувал и на натпревари што ги суделе.

Можете да прочитате

ФФМ ја пофали употребата на ВАР на натпреварот Вардар – Силекс

Србија меѓу кандидатите за финалето на УЕФА Лига Европа

Победа за македонските млади ракометари на квалификациите во Луксембург