Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Али Експрес левичарите си измислуваат приказни во кои само тие си веруваат

Vmro.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Левичарите од Али Експрес како Димче Апасиев и Амар Мециновиќ, па дури и целото раководство од президиумот, си измислуваат лажни приказни во кои само тие си веруваат и мислат дека и народот ќе им верува.


Откако јавноста виде со какви луѓе располага Левица, од типот на Амар Мециновиќ, човек кој лаже дека е дипломиран, а има 7 предмети положено на факултетот на кој е запишан, човек кој не знае колку јавни претпријатија има градот Скопје, човек кој не знае колку средни училишта има во градот Скопје, човек кој не си ги знае булеварите низ градот, ниту пак проектите кои му се во програмата, посегна по глумење на жртва и ширење на лажни вести низ медиумскиот простор.

Токму тие лажни вести кои се обидуваат да ги шират во јавноста, во недела на 2 ноември ќе ги разбудат од овој нивен сон кој го сонуваат. Реалноста е сосема поинаква од тоа што тие го живеат.

Затоа граѓаните својот глас ќе го дадат за вистинскиот избор, а тоа е Орце Ѓорѓиевски и ВМРО-ДПМНЕ! Заокружете го бројот 9!

Можете да прочитате

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен

АМСМ: Блокиран патот Берово-Струмица поради собир, магла кај Ресен