Утрински Весник
Македонија

Во Скопје одбележана 102-годишнината од основањето на Република Турција

20251030091718 big 730x400 45 1.webp.webp

Со свечен прием во резиденцијата на турската Амбасада во Скопјe синоќа беше одбележана 102-годишнината од основањето на Република Турција.

На настанот присуствуваа високи престваници на политичкиот и општетсвениот живот во Северна Македонија, меѓу кои претседателот на Собранието, Африм Гаши, вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министри, пратеници, градоначалници, како и претставници на организации и институции од двете земји.


Свеченоста започна со интонирање на националните химни на Турција и на Северна Македонија.

Во својот говор, амбасадорот на Турција во Скопјe, Фатих Улусој, им се заблагодари на присутните и ги пренесе поздравите од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Тој потсети дека Република Турција е основана пред 102 години и го нагласи напредокот постигнат во секоја област оттогаш.

– Од основањето на Републиката, нашата земја и нација направија голем напредок во секоја област. Турција е членка на ОН, НАТО, ОЕЦД и Г20, како и земја кандидат за Европската Унија. Таа игра активна улога во надворешната политика, медијацијата, одбранбената индустрија, хуманитарната помош и меѓународниот развој, придонесувајќи за светскиот мир, рече Улусој.

Нагласувајќи ги блиските односи меѓу двете земји, тој додаде дека Турција и Северна Македонија се поврзани преку силни врски меѓу двата народа.

На приемот беше прочитана и пораката на претседателот Ердоган по повод 29 октомври, Денот на Републиката.

Како дел од прославите, Амбасадата на Турција во Македонија, во соработка со Канцеларијата на аташето за култура и промоција и Здружението на турски невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ) и со поддршка на Здружението на скопски еснафи, претходно во текот на денот организираше прошетка и културна програма во Старата скопска чаршија.

Можете да прочитате

Облачно со врнежи во источните делови

Врнежи од снег со слаб интензитет на Попова Шапка, сообраќајот се одвива непречено

По убиството во Охрид, Димоски: Македонија станува небезбедно место за живот