Утрински Весник
Македонија

Спремајте се од 15 ноември задолжителна зимска опрема за сите возила

Sade modern mavi beyaz kis lastikleri kis indirimi instagram gonderisi.jpg

Од 15 ноември 2025 година, сите возила што се движат по патиштата во Македонија ќе мора да бидат опремени со задолжителна зимска опрема. Непочитувањето на правилата носи казна од 45 евра и 25 негативни поени за возачот.

Возилата до 3,5 тони мора да имаат зимски гуми со минимум 4 мм длабочина на шарата. Како алтернатива, можат да користат летни гуми со минимум 4 мм длабочина, но во комбинација со синџири за снег. Кај 4х4 возила, се пропишани зимски гуми со минимум 6 мм длабочина на шарата, или летни гуми со минимум 4 мм со синџири.


Возила над 3,5 тони, како и автобуси, мора задолжително да користат зимски гуми или соодветни синџири. Доколку овие возила не бидат опремени според прописите, не смеат да се движат во зимски услови.

Секој возач се советува однапред да ги провери гумите и синџирите и да се информира за состојбата на патот, со цел безбедно да ја започне зимската сезона на патиштата во земјата.

Можете да прочитате

Првиот наставен час на современ македонски јазик одржан е на 6. февруари во 1945 година во Битола

Циклон од Џенова: Нови обилни врнежи од дожд ќе има во западна Македонија

СДСМ има решение: Наместо луксуз на власта – 600 евра плати за работниците и поддршка за компаниите