Утрински Весник
Македонија

Зијадин Села на пат кон ВЛЕН? Меџити открива турбуленции во албанската политика

Izet medziti pres.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Новиот градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити од ВЛЕН, најави дека коалицијата „Национална алијанса за интеграција“ (НАИ), предводена од ДУИ, ќе биде распуштена по завршувањето на локалните избори и дека ќе има структурни промени во редовите на интегративците.

Во вечерашното гостување во ТВ 21, Меџити истакна дека во НАИ се надеваа дека ќе го задржат значителниот дел од гласачкото тело по заминувањето на Арбен Таравари од ВЛЕН, но резултатите од првиот круг од локалните избори ги демантираа нивните очекувања.


„Со заминувањето на Таравари пред шест месеци, мислеа дека имаат 90 отсто од гласачкото тело. Но, тоа не се случи. Сега се чувствува загуба на надеж. Очекувам НАИ да се распушти и да се појават нови движења“, рече Меџити.

Тој додаде дека дел од гласачкото тело на НАИ веќе започнало комуникации за приклучување кон ВЛЕН. „Тие ја изгубија надежта за враќање или за нешто друго, затоа добар дел од гласачите почна да се движи кон ВЛЕН. Постојат комуникации“, објасни Меџити, пренесе МИА.

Во врска со шпекулациите дека лидерот на едното крило на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, би можел да се приклучи во Владата, Меџити рече дека тоа не може да се исклучи. „Политичката сцена кај партиите на Албанците е измешана, се случија многу турбуленции и мислам дека сè уште ќе има турбуленции“, заклучи тој.

Можете да прочитате

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен

АМСМ: Блокиран патот Берово-Струмица поради собир, магла кај Ресен