Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Ги прошируваме капацитетите на Јохан Хајнрих Песталоци, го санираме покривот и создаваме подобри услови за учениците

Gerasimovski Itno Kopce 3 1.jpeg

Кандидатот за нов градоначалнички мандат во Општина Центар, Горан Герасимовски, најави проширување на капацитетите на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци”.

„Со зголемувањето на бројот на ученици, потребата за дополнителен простор стана приоритет. Затоа ќе инвестираме во проширување на капацитетите на училиштето со изградба на нови училници,” рече Герасимовски.


Во програмата се предвидува и промена на фасадната столарија и подовите, како и партерно и хортикултурно уредување на дворот на училиштето.

Дополнително, по промената на кровот на училиштето, реконструкцијата на отворените игралишта и тековната санација на покривот врз спортската сала, „Ј.Х. Песталоци” ќе биде целосно реконструирано.

Можете да прочитате

Општина Аеродром: За два месеца 400 тони отпад транспортиран во „Дрисла“

CENTAR NIGHT RUN- прво издание на ноќната урбана трка низ Центар

Ѓорѓиевски и Гоксу го пуштија новото осветлување на Камениот мост