Утрински Весник
Македонија

Се подготвува кривична пријава: Директорот на „Комунална хигиена“ уште е во полициска станица

Image 2025 10 27 140832431.png

Осомничените Сабахудин Рустеми и Аки Саити се наоѓаат во полициската станица Газибаба, каде што се уште трае рокот од 24 часа за полициско задржување, додека обвинителството подготвува кривична пријава, потврдија за Телма од Основното јавно обвинителство.

По поднесувањето на пријавата, ќе биде отворена официјална истрага, во рамките на која доколку обвинителството процени ќе може да бидат побарани и мерки за обезбедување на присуството на осомничените.


Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Сабахудин Рустеми, беше приведен вчера заедно со Аки Саити од Сарај, раководител во истото претпријатие, поради сомнение за кривично дело по член 230 од Кривичниот законик.

Истрагата за работата на „Комунална хигиена“ започна откако со недели не се собираше сметот во главниот град, што предизвика сериозни последици врз хигиената и доведе до воведување мерки од страна на здравствените власти.

Можете да прочитате

Циклон од Џенова: Нови обилни врнежи од дожд ќе има во западна Македонија

СДСМ има решение: Наместо луксуз на власта – 600 евра плати за работниците и поддршка за компаниите

„Ги запознаваме ретките болести“: Нијмегенов синдром на раскинување/Нијмегенов синдром на кршење