Утрински Весник
Македонија

Брз влажен и поладен воздушен бран од северозапад ќе помине над Македонија – На високите планини ќе завее и снег

Sneg.jpg

Пред нас е брз влажен и поладен воздушен бран од северозапад. Денес во претпладневните и во раните попладневни часови во нашата Република Македонија времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд а поради падот на температурите во северозападните и во северните високи планински предели (над 1800/1900 метри надморска височина) ќе има повремени врнежи од снег. Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец кој ќе биде најизразен долж Повардарието.

Во Скопје и околината со овој бран ќе има појава на повремен локален дожд а повремено ќе дува и засилен ветер од северен правец.


Максималните температури денес во нашата Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени а во Скопје и околината температурата денес ќе се искачи до околу 16 степени.

Можете да прочитате

Приведен маж кој со закани изнудил пари од 18-годишна девојка

Сиљановска Давкова: Кредибилен партнер сме на НАТО, да се надмине лавиринтот на патот кон ЕУ

Приведен 59-годишен маж, допирал по телото жена во продавница