Утрински Весник
Македонија

Средба на Сиљановска-Давкова со професорите Мартиновски и Конески

Foto 2 7.jpeg

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска ги прими проф. д-р Владимир Мартиновски, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” и проф. д-р Атанас Конески, претставник на Културен и едукативен центар „Небрегово”, именуван по родното место на Конески.

Професорите ја информираа за преземените активности врзани за одбележувањето на 80 години од стандардизацијата на македонскиот литературен јазик, како и 80 годишнината од основањето на Филолошкиот факултет во Скопје.


Обајцата ја аргументираа заложбата за измена на Законот за државни награди заради додавање на наградите „Блаже Конески” и „Ремзи Несими”.

За нив, најдобро време за доделувањето на наградите е месец декември, кога објацата се родени: Конески на 19-ти, а Несими на 25-ти.

Со гордост истакнуваат дека двајцата биле професори на Филолошкиот факултет и она што е Конески за македонскиот јазик и македонистиката, е Несими за албанскиот јазик и албанологијата. 

Сиљановска-Давкова е убедена дека пратениците ќе ја препознаат оваа благородна идеја и со големо мнозинство ќе го изгласаат Законот за изменување и дополнување на Законот за државни награди.

За неа, Конески и Несими се духовни великани на македонскиот и на албанскиот јазик, чии имиња одамна требало да симболизираат врвни достигнувања во белетристиката.

Можете да прочитате

ДПМНЕ ги одби амандманите на Левица за GPS контрола на службените возила, подобри услови за полицијата, конзулат во Корча и почеток на проектот ,,Чебрен”

Тело на маж пронајдено во реката Пчиња кај Катлановска Бања

ДУИ: Граѓанска иницијатива за заштита на Охридскиот мировен договор