Утрински Весник
Економија

Горивата поскапуваат од половина до еден денар по литар

Goriva.jpg

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на бензините се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,88 отсто во споредба на претходната пресметка.

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,88 отсто во споредба на претходната пресметка.


Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 73,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 75,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 68, а Екстра лесното масло за горење ЕЛ-1) за 67,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,010 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 36,057 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 1,990 отсто, кај дизелот за 4,345, кај екстра лесното масло за 3,773 и кај мазутот за 0,554% отсто. Курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,3996 отсто во споредба со претходната пресметка.

Можете да прочитате

Претставници на Нвидиа, Леново и експерт од екосистемот на ОпенАИ на годишната конференција на МАСИТ во Скопје

Студија на Групацијата EOS покажува како банкарството се менува: Секој трет за чувствителни финансиски прашања полесно разговара со ВИ агент отколку со човек

Мицкоски: Извозот расте побрзо од увозот, трговскиот јаз во третиот квартал е намален за 85–86 милиони евра