Утрински Весник
Македонија

Приведен стружанец за напад на полицаец, фатен при рибокрадство на Црн Дрим

Czrn drim.webp.webp

Стружанец ноќеска нападнал полициски службеници, откако бил затекнат со уште неколку лица во незаконски риболов на реката Црн Дрим, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, 10 минути по полноќ, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Б.Б.(44) од Струга.


– Лицето е затекнато со уште неколку лица при незаконит риболов во реката Црн Дрим и бил фатен при обид да избега. Притоа, тој физички нападнал полициски службеници кои преземале службени дејствија, но бил совладан и приведен во полициска станица, стои во соопштението на СВР Охрид.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од ОЈО Струга, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев 

Зајкова и ЛДП со петиција за електронски нараквици за сторителите на насилство

Уапсен скопјанец, фатен како презема дрога