Утрински Весник
Македонија

БУРА ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА: Циклон од Џенова ни носи бурен ветер и многу дожд

Meteoalarm.mk 62.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Под влијание на голем циклонски систем со центар над Џенова во текот на ноќта кон утрешниот ден (понеделник 27 октомври) како и утре претпладне насекаде во нашата Република Македонија ќе има врнежи од дожд кои особено обилни и поројни ќе бидат во западните предели каде локално ќе наврнат над 30 литри дожд на метар квадратен. Ќе има и локална појава на грмежи особено во западните предели од нашата Македонија.

И во Скопје и околината со оваа циклонска активност ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни.


Сето ова ќе биде проследено со засилен повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец кој повремено и особено во западните предели ќе достигнува брзина дури до околу 90 км/час. Локално овие процеси ќе бидат застапени во форма на силно невреме. Токму поради очекуваниот бурен ветер апелирам граѓаните навремено да ги заштитат своите автомобили, односно истите да не ги ставаат под стари и осамени дрвја.

Што се однесува до температурите тие ќе бидат во опаѓање и тоа поради продор на поладен воздух од север и утре (понеделник 27 октомври) максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 16 степени.

Да напоменам дека утре наутро и претпладнето на највисоките планини во северозападна Македонија (од 2000 метри па нагоре) ќе има повремен снег.

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен