Утрински Весник
Македонија

МЖСПП: Нема истекување на линдан во Охис

Ohis.webp.webp

Министерството за животна средина и просторно планирање ја информира јавноста дека нема никакво истекување ма линданот во ОХИС, а истовремено континуирано го спроведува процесот на чистење на линданот во ОХИС

МЖСПП континуирано работи на решавање на еден од најголемите еколошки предизвици во земјата, чистењето на линданот во поранешниот индустриски комплекс ОХИС.


Дополнително, во средата, на 22 октомври 2025 година, во вечерните часови, беше спроведен вонреден инспекциски надзор, при што беше утврдено дека нема апсолутно никакво истекување на линдан или какви било други нарушувања на безбедноста во локацијата на ОХИС.

Министерството веќе неколку години активно работи на чистење на малиот линдански лот, каде што се постигнати значителни резултати. Паралелно се работи на изнаоѓање на најсоодветни и одржливи решенија за отпочнување на чистењето и на големиот лот, кој претставува следна приоритетна фаза во процесот.

МЖСПП останува целосно посветено на транспарентност, континуиран надзор и безбедно спроведување на сите активности, со единствена цел,  создавање почиста, поздрава и побезбедна животна средина за сите граѓани.

Можете да прочитате

МИСТЕРИЈА ВО КОЧАНИ: Дрон двапати влетал во спална соба – семејството тврди дека ги снимал додека спиеле

Мицкоски: Во Македонија и во оваа Влада, САД гледаат исклучително близок пријател, нивната поддршка останува непроменета, договараме капитални проекти

ДУИ: Ахмети и Таравари на средба за предвремените избори во Брвеница