Утрински Весник
Скопје

Д-р Трајановски: Со ваша поддршка, кон подобра иднина

Screenshot 2025 10 20 163931.jpg

Почитувани,

Благодарам за укажаната доверба и поддршка која ми ја дадовте во првиот круг од локалните избори. Вашиот глас е потврда дека промените за кои се залагаме во нашата програма се неопходни, и дека нашата визија за подобар Аеродром е заедничката цел која нè обединува.


Ни претстои втор круг, во кој уште посилно, со уште повеќе енергија и работа на терен, ќе се бориме за иднината на нашата општина.

Во деновите што следуваат, ќе продолжам активно да бидам меѓу вас, затоа што секој ваш предлог е важен.

Ве повикувам повторно, со истата решителност и верба, да се обединиме и да ја направиме промената што ја започнавме. Да покажеме дека Аеродром заслужува вистинско лидерство, отворена општина и работа во интерес на сите граѓани.

Благодарам за довербата – продолжуваме заедно, посилно од кога било!

Заедно можеме повеќе. Заедно ќе успееме.

Можете да прочитате

Пролетна дератизација во општина Аеродром

Зајкова: Пред 1 година ни се потсмеваа кога алармиравме за жичницата, денес алармот е кренат

(Видео) Студенти во „Гоце Делчев“ живеат со глувци и без топла вода