Утрински Весник
Македонија

Пријавен поткуп за време на изборниот молк – градоначалник и две лица фатени на лице место

Img 9606.jpeg

Вечерва, во 21:20 часот, за време на изборниот молк, во полиција била поднесена пријава за поткуп на гласачи во село Дорфулија. Според пријавата, поткупот наводно го вршел градоначалник на една општина, заедно со уште две лица кои пристигнале со патничко моторно возило со светиниколски регистарски таблици.

Пријавителот, со иницијали А.В., изјавил дека полицијата веднаш реагирала и пристигнала на лице место, каде што, според неговите зборови, ги затекнала лицата во моментот на поткуп.
„Не знам што понатаму е преземено, но очекувам Јавното обвинителство и МВР да излезат на лице место и да ја информираат јавноста што е направено во конкретниот случај. Ова мора да биде казнето,“ изјавил пријавителот.


Од Министерството за внатрешни работи засега нема официјална потврда за настанот. Се очекува институциите да излезат со повеќе информации по завршување на увидот и утврдување на фактите.

Можете да прочитате

СДСМ: Нова манипулација на Мицкоски, дата-центарот нема да ја “пие” водата туку струјата, а струјата ја увезува, токму тој

Уапсени двајца крадци во Куманово

Уапсен маж од струшко поради предизвикување пожар