Утрински Весник
Скопје

Салиу: Децата во Шуто Оризари заслужуваат современо и модерно основно училиште

Shfoto5 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кандидатот за градоначалник од Демократските сили на Ромите(ДСР) д-р Шабан Салиу најавува силен фокус на образованието, културата и идентитетот на ромската заедница, со  порака дека „Шуто Оризари е приказна што ја пишуваме заедно”.

„Тоа е ромскиот идентитет, тоа е ромската музика, тоа е смеата на децата што трчаат по нашите маала. А нашите деца заслужуваат многу повеќе,” порачува Салиу, нагласувајќи дека достоинството на заедницата започнува со квалитетни услови за учење.


Салиу зборува и за својата образовна визија како градоначалник на оваа скопска општина.

 „Заслужуваат современо и модерно основно училиште — модерни училници, дигитална опрема и услови за квалитетно образование на секое дете. Заслужуваат специјализирани простории за музичка, ликовна и техничка настава. Време е сонот да стане јаве, да стане наше секојдневие — генерација по генерација,” порачува Салиу.

Повикувајќи на заедничка одговорност и работа, Салиу истакна: „Драги мои, да покажеме дека Шуто Оризари не моли — Шуто Оризари работи. Тоа е мојата задача. Тоа е нашата победа.”

Можете да прочитате

Арсовска се жали на ДКСК за објавената листа на градоначалници

Нула смртност на скопските улици

Левица-Аеродром: Зимзоленд сеуште работи – 24info.mk