Утрински Весник
Скопје
Img 7972

Шабан Салиу: Во Шуто Оризари ќе има социјални станови за ранливите семејства

Shfoto5.jpg
300x250 opst2

Кандидатот на Демократските сили на Ромите(ДСР) за градоначалник на Општина Шуто Оризари, д-р Шабан Салиу, објави видео-обраќање со јасна порака за социјална правда, услужна администрација и транспарентно домување за ранливите категории граѓани.

„Не ни треба градоначалник што ја менува партијата како дрес. Ни треба општина што работи услужно,” порачува Салиу, најавувајќи конкретни мерки за достоинствено домување.


Во фокусот на планот е систем за социјални станови со јасни правила и јавен надзор.

„Ни треба градоначалник што ќе се бори секој жител на Шуто Оризари да има свој дом. Во нашето Шуто Оризари ќе има социјални станови за ранливите семејства: за семејствата со најниски приходи, за самохраните родители и за лицата со посебни потреби. Ќе имаме јасни критериуми и јавни листи за распределба на социјалните станови”, вели Салиу.

Салиу нагласува дека приоритет ќе бидат мерливи резултати и институционална одговорност.

„Затоа што нашите луѓе заслужуваат многу повеќе. Не ветувам чуда — ветувам работа што се гледа и одговорност што се чувствува”, порачува Салиу.

Во завршната порака до граѓаните, Салиу повика на поддршка на локалните избори

„На 19-ти октомври заокружете го бројот 24 – НЕ ВЕТУВАМЕ, ОСТВАРУВАМЕ”, вели кандидатот на ДСР за градоначалник на Општина Шуто Оризари, д-р Шабан Салиу.

Можете да прочитате

Шукова: Време е за резултати уреден Бутел, нови паркови, подобар превоз и вода за сите

Меџити од централниот митинг во Чаир: Ја прифатив улогата на слуга на народот и подготвен сум да работам до крај

Османи: Општината е претворена во партиско седиште, партиски состаноци се држат во советот