Утрински Весник
Македонија
Img 7972

СДСМ: Судир на интереси во ОИК Зелениково со цела фамилија на кандидатот за градоначалник на ДПМНЕ

Sdsm pk.jpeg
Dik 300x250 mk

Прес конференција на СДСМ, Александар Алексовски, Правна Комисија на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,


Денеска јавно укажуваме на скандалозен судир на интереси, непотизам и директна злоупотреба на изборниот процес во Општина Зелениково, во режија на ВМРО-ДПМНЕ.

Во Општинската изборна комисија на Зелениково за претседателка е назначена Елена Маневска Јовановска, сестра на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ – Коста Маневски.

Тоа само по себе претставува класичен судир на интереси и компромитација на интегритетот на изборниот процес.

Но, скандалот не застанува тука. Целата фамилија на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ е по избирачките одбори.

Сопругата на Коста Маневски е поставена во избирачки одбор на избирачко место број 2368, а неговата законска баба – мајка на сопругата, е член на избирачки одбор на избирачко место број 2376 во Палиград.

Ова е класичен пример на партиска мрежа, непотизам и системско заземање на институциите од страна на ВМРО-ДПМНЕ, со цел да се влијае врз гласањето и резултатите на изборите.

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ е во паника. Поддршката од граѓаните им паѓа, па затоа се обидуваат преку злоупотреби и семејни поставувања да го компромитираат изборниот процес.

Бараме од ДИК итна реакција и разрешување на Елена Маневска Јовановска од местото претседателка на Општинската изборна комисија во Зелениково.

Бараме веднаш да се отстранат од избирачките одбори сите роднини кои претсвуваат судир на интереси.

ДИК мора да спроведе вонредна контрола во сите други општини за да се открие дали вакви злоупотреби постојат и на други места, бидејќи имаме основи да се сомневаме дека ова не е изолиран случај.

СДСМ нема да дозволи волјата на граѓаните да биде потисната со партиски игри и семејни поставувања на функциите кои треба да обезбедат фер и транспарентни избори.

На 19 октомври, граѓаните ќе им одговорат – со масовна излезност, со број 5, со чесност и со јасна порака дека доста беше злоупотреба!

Можете да прочитате

Филипче од Ресен: Со СДСМ земјоделците добиваа реална помош, со ВМРО-ДПМНЕ се без субвенции и со ниски откуни цени

Сабри Азири му се обрати на Бујар Османи: Како може да го бараш гласот на граѓаните на Чаир кога никогаш не им попобара прошка на семејствата од Скопје што беа прогласени за ‘монструми’?

Вилма Русковска: Боки 13 ги однел парите од „Рекет“ дома, а наводните пораки од неговиот телефон се лажни