Утрински Весник
Магазин

„Ем-ти-ви“ затвора свои канали во Велика Британија и неколку други земји

Mtv.avif.avif

Американската кабелска Музичка телевизија „Ем-ти-ви“ (MTV), првата мрежа којашто емитува поп-музика 24 часа на ден, ќе ги затвори своите канали во Велика Британија и низ Европа, по речиси 40 години.

Матичната компанија „Парамаунт“ (Paramount) ќе затвори пет канали – „Ем-ти-ви мјузик“, „Ем-ти-ви 80’с“, „Ем-ти-ви 90’с“, „Клуб Ем-ти-ви“ и „Ем-ти-ви лајв“ – на крајот од годината. Водечкиот канал „Ем-ти-ви ХД“ ќе продолжи да емитува реални шоуа. Операторот има намера да ги затвори и своите музички канали и во Австралија, Полска, Франција и Бразил, како дел од поширока стратегија за намалување на трошоците што вклучува и намалување на трошоците до 500 милиони долари низ целиот свет.


Одлуката е донесена „поради промената на навиките за гледање“, се наведува, при што музичките видеоспотови се гледаат сѐ почесто и главно на Јутјуб и социјалните мрежи, а поретко на телевизија. Портпаролот одби да коментира поподробно за наводите. 

„Ем-ти-ви“ почна со работа во САД во 1981 година. Европските ограноци беа отворени во 1987 година.  

Можете да прочитате

Тоше Проески денес ќе наполнеше 45 години

Жените полудуваат поради наелектризираната коса во зима: Не грижете се, има решение

Смејте се, се активираат дури 80 мускули во телото и делува како 15-минутен тренинг