
Кандидатот на владината коалиција ВЛЕН за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, на денешната прес-конференција ги претстави конкретните мерки за подобрување на условите во основното образование, со посебен акцент на социјалната еднаквост, безбедноста и поддршката за семејствата. Тој нагласи дека неговото раководење ќе обезбеди еднакви можности за секое дете и ќе изгради Чаир на достоинство, грижа и солидарност.

Во продолжение го пренесуваме интегрално обраќањето на Изет Меџити:
Почитувани граѓани, почитувани родители, наставници и ученици, медиуми,
Во Чаир нема разлики – има можности за сите. Ова е нашата филозофија на владеење, нашата визија за една општина која гарантира еднаквост, достоинство и поддршка за секое семејство.
Затоа, во нашата програма за образование предвидовме јасни мерки за олеснување на товарот на семејствата и за обезбедување еднакви услови за секое дете.
Во сите основни училишта на нашата општина, учениците ќе имаат униформи, целосно финансирани од буџетот на Општина Чаир. Ниту едно семејство нема да има дополнителен трошок. Со ова целиме кон создавање еднакви можности и зајакнување на чувството на припадност кај нашите деца.
Исто така, Општина Чаир ќе ги покрива дневните оброци за сите ученици кои доаѓаат од семејства што добиваат социјална помош. Никој нема да остане назад.
Секое дете ќе има достојни услови за учење, исхрана и растење со достоинство.
Во исто време, ќе ја зајакнеме безбедноста во училиштата, со нови физички и технолошки мерки, во тесна соработка со образовните институции и родителите.
Затоа што секој родител треба да биде спокоен дека неговото дете е безбедно во училиштето.
Ова е Чаирот што го градиме. Чаир на еднаквост, грижа и солидарност. Општина што работи, дели и се грижи за сите.
Општина што зборот го претвора во дело и секојдневно покажува дека добрата политика е онаа што го подобрува животот на граѓаните.
Нашите деца се нашата иднина. А кога инвестираме во нив, инвестираме во иднината на Чаир.