Утрински Весник
Балкан
300x250 opst2

Албанија воведе привремена забрана за електрични тротинети

Elektricen trotinet.jpg
300x250 opst2

Во Албанија од денеска воведена е привремена забрана за употреба на електрични тротинети, кои се сметаат за опасност и извор на несреќи и доколку тоа не се почитува, овие превозни средства ќе бидат одземени.

Веста ја објавија министерката за внатрешни работи Албана Кочиу и директорот на државната полиција Илир Прода.


„Спроведовме детална анализа на овој феномен и заклучивме дека употребата на овие возила предизвикува непосреден ризик за јавната безбедност. Доволно е да се спомене фактот дека само во текот на 2024 година, службите за итни случаи пријавиле 991 случај на несреќи во кои учествувале овие превозни средства. Меѓу овие случаи, имало за жал смртни случаи или со многу сериозни повреди, стои во заедничкиот видеозапис на Кочиу и Прода.

За да се справиме со овој проблем и ризикот што го претставува употребата на овие средства, за јавната безбедност и учесниците во сообраќајот, додава Кочиу, дефиниравме и стандардна постапка, врз основа на законот „За државна полиција“, за решавање на овој проблем со „казнување на возачите на овие возила и употребата на овие возила на градските патишта, вклучително и тротоарите, па дури и со нивно административно блокирање“.

„Државната полиција ќе биде вклучена во акција за забрана на движењето на електричните тротинети и поради оваа причина бараме разбирање од граѓаните за овој процес“, наведува Прода.

Објава околу ова прашање има и премиерот Еди Рама, кој наведува дека така ќе биде се додека не се изготви строга регулатива заснована на најдобрите меѓународни практики.

„СТОП ЗА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ТРОТИНЕТИ – Нови правила за јавна безбедност. 991 случај пријавен од службите за итни случаи за една година е повеќе од доволен за веднаш да се запре оваа опасна иновација во патниот сообраќај во нашите градови, сè додека не се изготви строга регулатива заснована на најдобрите меѓународни практики“, пишува во објавата премиерот Рама.

Можете да прочитате

Од Клиничкиот центар на Србија извршена прва роботски асистирана телехируршка операција во регионов врз пациент во Белгија

Најмалку 20 повредени во судир на два воза во Словачка – хеликоптери на местото на несреќата

Косово одржани избори во 38 општини: ДЛК и ААК најавуваат победи, тесна трка во Приштина