Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Тешка сообраќајка на патот Штип – Велес, еден загинат, еден тешко повреден

Soobrakajka.jpg
Img 7972

Во директен судир на две патнички возила попладнево околу 14 часот на експресниот пат Штип – Велес загинал  маж, а 18-годишно момче е тешко  повредено. Увид  направила  екипа на СВР Штип, потврдија за МИА од МВР.  На местото на настанот била повикана и екипа на Противпожарната единица од Велес.

Како што информираат за МИА од  Итната помош на ЈЗУ Здравствен дом Велес, тие за несреќата биле повикани во 14.20 часот и за десетина минути стигнале на местото на несреќата – на крстосницата кон село Иванковци кај силосите. 

Д-р Елена Најдовска изјави дека констатирале смрт кај повозрасен маж од едното возило, кој  починал на самото место на директниот судир. Рече дека веднаш му укажале лекарска помош на 18-годишното момче од Струмица кое било во другото возило. Имал повреди на карлица, на десно колено и на главата, но бил свесен и контактибилен.

По укажаната прва медицинска  помош, екипата од Итната помош го пренеле повреденото момче на понатамошно лекување во Ургентниот центар во Општа болница Велес.

Екипа на СВР Штип прави увид на местото по што ќе бидат соопштени детали за несреќата. 

Автомотосојузот на Македонија во вонреден извештај попладнево  информираше дека сообраќајот на експресниот пат Штип – Велес е во прекин во двата правца. 

Можете да прочитате

Алејата на ангелите во Кочани повторно зборува без зборови

Николоски од Охрид: Кирил Пецаков ќе има историски најголема победа

Филипче од Струмица: Даскаловски е човек од теренот, СДСМ се враќа и ќе победи