Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

ВМРО-ДПМНЕ: Со неосудувањето на Тричковски, Филипче покажа дека не само што не е различен, туку е прототип на деструкцијата која ја пропагира СДС

Vmro.webp.webp
300x250 opst2

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

СДС и Венко Филипче веќе неколку дена молчат за Бранко Тричковски.

Тие, коишто за се и сешто експресно се јавуваат со реакција, ги нема збор да кажат за повиците на омраза и ликвидација на човекот кој важи за нивен гласноговорник.

Нивниот молк не може поинаку да се толкува.

Со тоа што Филипче не се оградува и не се дистанцира од говорот на омраза и морбидниот повик за ликвидација на Тричковски за претседателот Христијан Мицкоски, се става на негова страна.

Венко Филипче може барем да истапи од партиската матрица и да покаже конструктивен пристап, со тоа што барем, ќе се извинеше за таквиот морбиден говор кој не може да се смета ниту за слобода на говор, ниту пак за некаква метафора.

Но, наместо тоа, Филипче избра да остане во црнилото и менталната матрица на СДС, па да продолжи да јава на бранот на омразата која ја создава неговата партија преку нејзините бројни перјаници, како Бранко Тричковски.

Ова е дел од смисленото сценарио и црната кампања која ја водат уште од првиот ден на почетокот на изборната кампања. На социјалните мрежи, Тричковски отворено повикува на убиство и парчосување на претседателот Мицкоски, за што добива публицитет од структури блиски до СДС и со тоа креираат паралелен наратив на партискиот.

И да сакаме да мислиме дека изливот на Тричковски е инцидентен случај, не можеме, зошто СДС и Филипче со нивниот молк, ни даваат право да сметаме дека тие се мотиватори на говорот на омраза.

Со неосудување на Бранко Тричковски, Венко Филипче покажа дека не само што не е различен, туку е прототип на деструкцијата која ја пропагира СДС.

Оваа изборна кампања ја извади на виделина целата безидејност на СДС и Филипче, кои немаат никаква програма, проекти или визија за подобро утре на граѓаните, па затоа нивните апологети шират говор на омраза и јавно повикуваат на убиства.

Но, народот тоа го гледа и за една недела од сега, на изборите во недела, ќе им стигне вистинската и жестока казна.

Со гласање за ВМРО-ДПМНЕ и број 9 македонските граѓани ќе го направат вистинскиот избор и ќе го изберат вистинскиот човек, за твоето место и твојата иднина.

Можете да прочитате

Николоски од Охрид: Кирил Пецаков ќе има историски најголема победа

Филипче од Струмица: Даскаловски е човек од теренот, СДСМ се враќа и ќе победи

Акредитирани 591 странски и 658 домашни набљудувачи, пријавени околу 9.000 болни и изнемоштени лица