Утрински Весник
Свет

Хамас соопштил дека уште денеска може да ги ослободи заложниците, потврди дека 20 се живи

20250117070807 big 730x400 15.webp.webp

Хамас му потврдил на Израел дека 20 заложници се живи и оти можат да бидат ослободени веќе денес, јави „Вол Стрит Џурнал“ повикувајќи се на извори запознаени со прашањето, пренесува МИА.

Според извештајот, пораката била испратена преку арапски посредници.


Израелски функционер за весникот изјавил дека Израел е подготвен да ги прими заложниците вечерва, иако се уште се смета дека понеделник ќе биде посоодветен за нивно ослободување.

Израел исто така соопшти дека верува дека 20 заложници се живи, постојат сериозни загрижености за судбината на уште двајца, додека за 26 други е потврдено дека се починати.

Можете да прочитате

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик

Повеќе од 900 загинати и над 50.000 исчезнати во Венецуела