Утрински Весник
Македонија

Филипче: Време е за промени во Брвеница со Светлана Митреска Анџелскоска

Sdsm brv.jpeg

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, денес на граѓанската трибина во Брвеница, нагласи дека овие избори се одлучувачки за иднината на општината и за начинот на водење на локалната власт, повикувајќи на обединување околу планот и програмата на кандидатката за градоначалник на СДСМ, Светлана Митреска Анџелскоска.

„Визијата за Брвеница која Светлана Митреска Анџелскоска сака да ја реализира е општина што ќе биде сервис на граѓаните, место каде младите ќе остануваат и ќе имаат шанса за развој, каде семејствата ќе се чувствуваат сигурно, а пензионерите достоинствено. Но оваа визија не може да се оствари без обединета сила на граѓаните, без глас што бара промена и чесност. Сега потребен глас за иднината на Брвеница”, порача д-р Филипче.


Тој изрази разочараност од четиригодишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница и нагласи дека најважните и клучни проекти за граѓаните од Брвеница не ги реализирал актуелниот градоначалник и дека непосредно пред кампањата почнал да ги раскопува улиците.

„Ова не е локална власт што работи за граѓаните. Недовршена канализациска мрежа во сите населени места, улици ветени, а недоизградени. Ветувања за клучка кон автопатот, полициска станица, проширување на детската градинка, мини спортски полигони за пензионери – ништо од тоа не е реализирано. Брвеница остана со празни ветувања. Граѓаните гледаат дека локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ се фали со проекти што не ги направила и се обидуваат пред избори да замачкаат очи дека нешто се работи. Ова е слика на локална власт која мисли на себе и партијата, а не на народот”, истакна д-р Филипче.

Филипче  нагласи дека се што досега е вистински вложувано во Брвеница е направено од СДСМ, која секокгаш била на страната на граѓаните и со граѓаните, што го докажа на дело во времето на светски кризи, кога никој не беше оставен сам да се справува со предизвиците.

„Сè што функционира денес во општината е благодарение на проектите обезбедени и поддржани од Владата на СДСМ. Инфраструктурни проекти, водовод и канализација, проекти во образованието и подобрување на јавните услуги сето тоа е резултат на грижата и посветеноста која СДСМ ја има кон граѓаните и секое населено место. И затоа на овие избори, единствено СДСМ нуди реални програми и чесни луѓе кои знаат да работат за граѓаните, а не за тесни партиски интереси”, рече тој.

Лидерот на СДСМ порача дека Брвеница треба да биде општина што функционира, каде институциите се сервис на граѓаните, а не продолжена рака на партијата, со апел до присутните дека за тоа е потребно единство и обединување на сите околу вистинските вредности кои општината ќе ја развиваат.

„Секој што ја сака Брвеница, секој што сака современа, чесна и просперитетна општина, денес треба да се приклучи во ‘Борба за нашиот дом’. Овие избори се многу повеќе од избор на градоначалник и советници – тие се избор меѓу два концепта: чесна работа и визија или празни ветувања, застој и партиски калкулации. Секој глас е важен, секој глас може да ја врати надежта и да ја осигура иднината на Брвеница”, нагласи Филипче.

Тој ги увери граѓаните дека со поддршка на Светлана Митреска Анџелскоска и советничката листа на СДСМ предводена од Јовица Радески, Брвеница ќе добие локална власт што работи за граѓаните, ќе создаде услови за развој на младите и семејствата, ќе обезбеди достоинствен живот за пензионерите и ќе ги реализира капиталните проекти што се клучни за иднината на општината.

„Светлана Митреска Анџелскоска и советничката листа на СДСМ се луѓе што нема да ве изневерат. Тие нема да заборават утредента по изборите на проблемите на граѓаните, туку ќе работат чесно, одговорно и посветено. Патриотизмот не е во големи зборови, туку во дела што ги градат заедницата, во посветеност на младите, пензионерите и секој граѓанин. Ова е нашата борба, ова е нашиот пат”, заклучи д-р Филипче.

Клучните капитални проекти кои Светлана Митреска Анџелскоска која ги најави пред пристутните на денешната граѓанска трибина на СДСМ и Коалицијата „Се бориме за нашиот дом” во општина Брвеница, се пречистителна станица, изградба на Дом на културата и Дом за стари лица, проекти што ќе ја трансформираат Брвеница и ќе создадат услови за достоинствен живот. Освен капиталните проекти, нејзината визија предвидува системски промени во општината: зголемување на капацитетите на детската градинка, создавање простор за рекреативни и едукативни активности за младите, поддршка на младите брачни парови и семејствата со мали деца, мотивирање на жените да започнат сопствен бизнис, како и активно вклучување на младите во креирањето на локалните политики и економски развој.

Можете да прочитате

Демократската партија на Турците ја поднесе кандидатурата за градоначалник на Центар Жупа

Приведен навивач од Словачка, на 10 други не им беше дозволен влез во државата, инцидент на лет кон Скопје

Граничните премини Евзони и Ники и денеска затворени на неколку часа