Утрински Весник
Скопје
300x250 opst2

Шукова: Системска поддршка за жените и семејствата, прифатилишта и родово одговорно буџетирање за еднакво Скопје

Kajashukova10.10 1.jpeg
300x250 opst2

Денеска кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје од редовите на СДСМ, Каја Шукова, оствари средба со Националниот совет за родова рамноправност (НСРР), предводен од претседателката Савка Тодоровска, како и со членките на мрежата на НСРР.

Средбата помина во конструктивна атмосфера исполнета со идеи и искуства, каде во фокусот беа предизвиците и можностите за унапредување на положбата на жените во градот. Шукова истакна дека Скопје има огромен човечки потенцијал, особено во жените кои секојдневно придонесуваат во јавниот, економскиот и општествениот живот на градот.


„Жените во нашиот град имаат исклучителни капацитети, знаење, храброст и одговорност за извршување на јавни функции. Како градоначалничка ќе се залагам за системска поддршка на жените и семејствата преку обезбедување сервиси за семејства, прифатилишта за жени жртви на семејно насилство и воведување родово одговорно буџетирање како приоритет. Само град што се грижи подеднакво за сите е град што напредува,” изјави Шукова.

Средбата заврши со заедничка согласност дека Скопје има потреба од поинклузивни и солидарни политики град каде секој глас се слуша, а секоја жена има можност да придонесе и да успее.

Можете да прочитате

Шукова: Ѓорче ќе добие БРТ систем, зелен кеј и подобра инфраструктура, крај на маргинализацијата на општината

Лабудовиќ: Герасимовски бега од соочување и одговорност

Ацевски: Ѓорче е уништено од бетонизација, време е да ставиме крај