Утрински Весник
Македонија

Обиди за измами на повозрасни лица во Кумановско за наводно случени сообраќајни несреќи на нивни блиски

Policija.webp.webp

Два различни обиди за измами на повозрасни жени се пријавени во кумановска полиција за наводно случени сообраќајни несреќи на нивни блиски.

Во првиот случај станува збор за измама на повозрасна жена од кумановско Старо Нагоричане за наводна сообраќајна несреќа во Прешево, во која имаа повреден член на семејството.


„Вчера во 15:50 часот, 57-годишен маж пријавил дека едно лице се обидело да ја измами неговата мајка од Општина Старо Нагоричане. Лицето ѝ се јавило на телефон и ѝ кажало дека наводно член на нејзиното семејство предизвикал сообраќајна несреќа во Прешево и ќе биде потребна одредена сума на пари за да плати адвокат. Таа се посомневала дека се работи за измама и го прекинала телефонскиот разговор“, соопштија од Секторот за внатрешни работи (СВР) Куманово.

Во вториот случај, 35-годишна жена од Куманово вчера пријавила во полиција дека едно лице се обидело да ја измами нејзината баба од кумановско село.

„Измамникот се обидел да ја изманипулира жената јавувајќи и се на телефон дека наводно член од нејзиното семејство бил во критична состојба по случена сообраќајна несреќа во Германија. Откако таа се посомневала, лицето ја прекинало врската“, велат од кумановската полиција.

Оттаму апелираат до граѓаните да бидат претпазливи, особено повозрасните лица кога им се јавуваат непознати лица, да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги.

Можете да прочитате

(Видео) Проработе ,,Евзони” километарски колони за влез во Македонија

АА на Села ќе одржи партиско собрание на 27 декември

Британски медиуми: Македонија ќе добие до 20.000 фунти за еден мигрант