Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Мантев: Неспособноста на ДПМНЕ го доведе Неготино во очај, ние имаме решенија и ќе го вратиме сјајот на градот

Negotino sdsm 2.jpeg
300x250 opst2

„Изминативе четири години, Неготино западна во очај поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ. Ветувања има безброј, но реализација речиси нема. Градскиот плоштад е искршен, улиците се полни со дупки, зеленилото се уништува, а сообраќајниот хаос во центарот се зголемува. Пустош направија и со сечењето на дрворедот на улицата Маршал Тито. Со таква власт не може да се гради иднина”, порача кандидатот за градоначалник на СДСМ, Петар Мантев од трибината во Неготино.

Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ја доведе општината во критична состојба со проекти останати само на хартија. „Ги прашуваме каде е ветената реконструкција на игралиштето зад спортскиот центар Младост? И тоа ли е уште една предизборна лага?”


Мантев го критикуваше и пазарот, кој е затворен и покриен со стиропор, карактеристика на ДПМНЕ, како онаа за „Скопје 2014″.

„Пазар со стиропор не може да биде вистински пазар и не го решава проблемот со јавниот простор,” истакна тој.

Мантев ја побара доверба за да го направи Неготино современ и функционален град со конкретни проекти: решавање на сообраќајниот хаос, уредување и зелено збогатување на плоштадот, реконструкција на градскиот стадион со покриена трибина и нови зелени површини, бесплатни спортски сали за регистрирани спортски клубови, и продолжување на проектите за чиста и здрава вода во сите населени места.

Во програмата се и поддршка за младите преку финансиски стимули, подобрување на образованието, развој на винскиот туризам и земјоделството, воведување бесплатен јавен автобус и бесплатен превоз за пензионерите од руралните средини, подобрување на јавната чистота, решавање на проблемот со депонијата „Бучето”, современа противпожарна заштита и грижа за бездомните кучиња со создавање на безбедни простори за милениците.

„Транспарентноста и професионалноста се клучот за враќање на довербата, која беше целосно изгубена изминативе четири години. Неготино мора да прерасне во општина за сите. Со тимски дух и вистински решенија ќе го вратиме животот во нашиот град”, порача Мантев.

Тој ги повика граѓаните да излезат на изборите и да гласаат за број 5 за подобро Неготино.

Можете да прочитате

Филипче од Гази Баба: Мицкоски сака негово судство, СДСМ нема да дозволи нови тефтерчиња од Белата палата

Мицкоски до Филипче: Професионално ли е што судот на Марковски за стомилионски криминал му дава куќен притвор

Филмски грабеж во центарот на Гостивар – вооружени лица со калашникови ограбија златара