Утрински Весник
Скопје

СДСМ Аеродром: За 4 години ВМРО-ДПМНЕ испорача нечистотија, запуштено зеленило и сообраќаен хаос

Sdsm.webp.webp

Изјава за медиуми, Ненад Рашовиќ, кандидат за советник во Советот на општина Аеродром

Почитувани,


За 4 години власт на ВМРО-ДПМНЕ во општина Аеродром, резултатите се:

Сообраќаен хаос, руинирана урбана опрема, запуштено зеленило, полни канти и контејнери, диви депонии во секое маало.

Условите за настава во основните училишта се катастрофални, родителите сè уште собираат средства – доброволен прилог за течен сапун, влажни марамици, тонери, хартија, клима уреди и слично.

Нема нова општинска зграда, нема 3.000 нови паркинг места, нема вело-патеки на сите улици, нема нови кружни текови, нема нов младински центар, нема нов спортски центар „Пирин” во населба Лисиче, нема Музеј на МЗТ, нема кино сала и театарска сцена во Ново Лисиче.

Почитувани граѓани,

Сето ова пред четири години ви го веруваа Муцунски и Дејан Митевски, денес повторно со истите ветувања ви ја бараат поддршката.

Дејан Митевски и ВМРО-ДПМНЕ се веќе прочитани.

Граѓаните на Аеродром ќе се изборат за својот дом.

Можете да прочитате

Општина Аеродром и оваа година домаќин на AERO Street food festival

Град Скопје: Почна темелна реконструкција на еден од симболите на Скопје – подната фонтана повторно ќе блесне

AERO Street Food Festival 2026 – Паркот „Авионче“ ќе биде центар на уличната гастрономија и музиката