Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Движењето ЗНАМ – прва партија со AI-платформа за директен дијалог со граѓаните, „ZnamGPT: Прашај го градоначалникот“

20251009094718 big 730x400 71.webp.webp
300x250 opst2

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија денеска ја промовираше, како што велат, првата интерактивна платформа со вештачка интелигенција во македонската политика – „ZnamGPT: Прашај го градоначалникот“, со што, велат од ЗНАМ, се отвора ново поглавје во дигиталната демократија и политичката транспарентност во земјата.

„Со оваа иновација, Движењето ЗНАМ овозможува директен и брз дијалог меѓу граѓаните и кандидатите за градоначалници на движењето. Платформата им овозможува на граѓаните да поставуваат прашања, да добиваат прецизни и навремени одговори, како и да се информираат за сите проекти, програми и визии на кандидатите“, истакна Маја Рисова Мутлулар, член на Централниот Одботр на Движењето ЗНАМ за наша Македонија.


Таа додаде дека „ZnamGPT“ претставува чекор кон нова политичка култура – култура во која секој може да праша, секој добива одговор и секој знае што се случува во неговата општина.

„Денеска не промовираме само дигитален производ – промовираме нов начин на водење политика. Политика што слуша. Политика што одговара. Политика што не се крие зад изговори, туку стои зад вистината. Преку оваа алатка, граѓаните ќе имаат пристап до информациите за локални проекти и планови, податоците за инфраструктура, урбанизам и јавни услуги, како и за визијата на кандидатите за одржлив и современ развој на градовите. Платформата е достапна 24 часа дневно, 365 дена во годината, и може да се користи од секое место преку линкот www.znamgpt.mk“, рече Рисова Мутлулар.

Можете да прочитате

Екс директорот на АЕК, Орданоски, ќе биде координатор за дигитализација во Мепсо

Поднесена кривична пријава против осум физички и едно правно лице за злоупотреби во РЕК Битола со кои е стекната противправна имотна корист во висина од 106.200.000 денари

Нова истрага за злоупотреби во РЕК Битола