Утрински Весник
Македонија
Img 7972

ВЛЕН: ДУИ поттикнува тензии во кампањата, злоупотребува семејни трагедии

Vlen 1.webp.webp
300x250 opst2

Соопштение на ВЛЕН:

Коалицијата ВЛЕН реагира со најдлабока индигнација за случајот во кој беше повреден активистот и носител на листата на НАИ во Липково, Зеќирија Шаини. Особено загрижува фактот што политичките опоненти, предводени од ДУИ, се обидоа да ѝ дадат политичка димензија на оваа трагедија, грубо манипулирајќи со семеен конфликт во сред изборна кампања.


Но случајот се покажа како семеен проблем и нема никаква врска со политиката.
ДУИ доживеа тежок пораз, бидејќи не ѝ успеа обидот да ја искористи ситуацијата за сопствена политичка корист. Тие беа демантирани и од самиот нивен активист, Зеќирија Шаини, кој јавно изјави дека нема политичко непријателство со никого, со што паднаа во вода сите тврдења за наводен „политички атентат”.

ДУИ сакаше да се претстави како херој во туѓи сметки – но тоа не помина. Наместо да придонесе за смирување на ситуацијата, партијата повторно приредува политички театар, обидувајќи се, како и секогаш, да создаде перцепција дека „некој работи против нив”.

Помогната од неколку платени новинари, кои дење и ноќе шират лаги против власта, ДУИ ги злоупотребува дури и проблемите на сопствените партиски членови.

Ова е стар модел на јавна манипулација и политичка виктимизација, кој има цел да го прикрие падот на довербата и губењето на електоратот. ВЛЕН јасно стои на ставот дека безбедноста на граѓаните е одговорност на институциите, а не тема за кампања.

Можете да прочитате

Таравари: Потребен е нов историски договор меѓу Албанците и Македонците

Одбраната и Обвинителството со спротивставени ставови за психичката состојба на Штекли, Судот ќе решава дали ќе има супер вештачење

Мобилна апликација „Глас против корупција” за анонимно пријавување коруптивни случаи