Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Филипче од Кривогаштани: Економијата е во пад, народот има сè помалку пари, а власта не презема ништо

Sdsm krivogastani 1.jpeg
Img 7972

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, кој вечерва беше на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом”, во Кривогаштани зборуваше за сѐ поочигледниот колапс во економијата кој секој месец се посилно го чувствуваат граѓаните.

„Економијата е во пад, инфлацијата беснее. Но граѓаните не живеат од статистика, туку од она што секој месец им останува во паричникот. А во него секој месец се помалку бидејќи вистината е дека цените растат, а животниот стандард сериозно опаѓа. Реалната инфлација е 4%, храната поскапе 6,3%, а цените во рестораните над 8%. И наместо да преземат мерки, тие прават ПР-трикови, статистички манипулации и лажни наслови, за да ги скријат вистинските поскапувања”, рече Филипче.


Тој пред жителите на Кривогаштани посочи дека не се излажани само земјоделците преку неисплатените субвенции, туку и пензионерите кои со мерката на СДСМ можеа да добијат двојно од тоа што реално добија.

„И пензионерите добија помалку од ветеното. Наместо 2000 илјади денари по методологијата на СДСМ, со ВМРО-ДПМНЕ добија само 1000 денари. Работниците молат за зголемување на миналната плата, но за Христијан Мицкоски и неговиот пулен Трајко Славески платата била доволно висока. Но народот знае какви се цените бидејќи плаќа сметки и купува храна, со пари што не стигаат до крајот на месецот”, рече Филипче.

Тој оцени дека за ВМРО-ДПМНЕ очигледно дека е поважно да се сликаат, да прават позитивна медиумска слика и да измислуваат бројки, наместо да излезат, да погледнат во очи граѓаните и да се соочат со проблемите со кои тие живеат.

Можете да прочитате

Теохаров: Доколку не беше задолжително осигурувањето на автомобилите, ќе бевме сведоци на хаотична ситуација

Филипче од Прилеп: ВМРО-ДПМНЕ убедливо најмногу штета направи на земјоделството и земјоделците

Филипче до Димитриевски: Со подизведувачи на ДПМНЕ и предавници на социјадемократската идеја не дебатирам