Утрински Весник
Македонија

Филипче од Гевгелија: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе немаштија и безнадежност

Venkogevgelija7.jpeg

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од граѓанскиот собир во Гевгелија нагласи дека Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе немаштија и безнадежност.

„Народот живее тешко, тешки времиња дојдоа со ВМРО-ДПМНЕ и тоа граѓаните го чувствуваат секој ден, ни го кажуваат на секоја една средба. Цените секојдневно растат, луѓето мака мачат да ги полнат трпезите, а платите стојат.”, рече Филипче.


Тој додаде дека цела Македонија живее под тежината на една голема измама.

„Цела Македонија живее под тежината на една голема измама. Власт која ветуваше подобар живот, а донесе сиромаштија. Власт која наместо да им помогне на граѓаните ги лаже. Наместо да преземе мерки, се фали со лажни бројки”, порача Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од граѓанскиот собир во Гевгелија.

Можете да прочитате

СДСМ: Бројот е мој, таткото е мој, зетот и внукот се мои, ама немам врска со фирмата 

Запленети 237 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат без документација, приведени две лица

Сиљановска – Давкова: Да ја спречиме фрагментацијата на македонското општество и одново да ги научиме доблестите на св. Климент што ја одржуваат заедницата