Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Низа инциденти низ Скопје: напади, кражба и физички тепачки во еден ден

Policija rotacija 1 1.jpg
Img 7972

Во изминатото деноноќие скопската полиција евидентирала повеќе инциденти во различни делови од градот, меѓу кои физички напади, нарушување на јавниот ред и мир и пријави за кражба.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 4 октомври околу 6 часот наутро, 35-годишен маж пријавил дека бил нападнат со остар предмет во својот дом на подрачјето на општина Центар, од страна на неговата вонбрачна партнерка И.Д. (41) од Скопје. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.


Истиот ден, во 12:15 часот, на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија околу паркирање на возила, дошло до физичка пресметка меѓу три лица: Б.А. (62) од една страна и Љ.Р. (80) и С.Р. (50) од друга страна, сите од Скопје. По документирањето на настанот ќе следи соодветен поднесок.

Потоа, во 20:55 часот, жител на Скопје со иницијали А.К. (47) пријавил дека во автобус на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од контролор на ЈСП. И овој случај е под полициска истрага.

Во посебен инцидент, во 09:05 часот, било пријавено дека во спортска обложувалница во општина Аеродром едно лице физички го нападнало вработениот и одзело пари, по што избегало. Полицијата спроведува мерки за идентификација на сторителот.

МВР информира и за инцидент во селото Идризово, пријавен на 3 октомври, кога дошло до физичка пресметка меѓу две лица – Д.М. (44) и Х.П. (65), и двајцата жители на селото.

Исто така, во населбата Илинден, околу 14 часот, С.В. (52) бил физички нападнат од лице со иницијали Т.Н., кое се обидело да го удри со тврд предмет.

Последниот случај се однесува на пријава од Ж.Д. (37) од Скопје, која наутро околу 6 часот, на подрачјето на Драчево, била нападната со тврд предмет од Р.Д. (73) од Скопје.

Од МВР додаваат дека сите случаи се во постапка на расчистување, а по завршување на истрагите ќе следуваат соодветни пријави.

Можете да прочитате

Манчев: Инвестираме во младите, во план се две детски градинки, како и повеќенаменски спортски игралишта во повеќе населени места

Филипче од Берово: Се случуваат големи отпуштања на вработени, а ветија нови работни места

Ацевски: Две нови катни гаражи околу пазарот во Ѓорче – решаваме долгогодишен хаос со паркирањето