Утрински Весник
Скопје
300x250 opst2

Меџити и Вардар го претставија Мастер планот за Чаир, сеопфатна визија за модерна, функционална и урбано силно идентификувана општина

Whatsapp image 2025 10 05 at 15.41.06.jpeg
300x250 opst2

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити во соработка со светски познатиот архитект, Бајрам Вардар, денес го претставија Мастер планот за Чаир, стратешки документ кој има за цел трансформација на општината во модел на одржлив развој, со модерна инфраструктура, урбано зеленило, културни простори и нови образовни и младински центри.

Мастер планот е резултат на работењето на широк тим експерти од Турција и Северна Македонија, под водство на архитектот Бајрам Вардар, урбанист со потекло од Скопје, кој изгради успешна кариера во Турција и беше дел од тесниот тим на претседателот Реџеп Таип Ердоган за време на неговиот мандат како градоначалник на Истанбул. Во тимот учествуваа и познатите експерти Надир Доган и д-р Мустафа Тутар, заедно со локални специјалисти кои обезбедија прилагодување на планот кон реалните потреби на Чаир.


Мастер планот се темели на седум клучни столбови на развој:

Транспорт и сообраќај
Заштита на културното наследство
Туризам и економија
Образование
Култура и уметност
Рекреација и спорт
Урбана трансформација

Фокусот на планот се конкретни решенија за олеснување на сообраќајот и модернизација на инфраструктурата. Визијата предвидува изградба на булеварот “Хрватска” и “Црна Гора”, што ќе овозможи движење од Автокоманда кон Сарај без да се минува низ Чаир. Исто така, предвидено е проширување на булеварите “Митат Фрашери”, “Џон Кенеди” и “Цветан Димов”, како и оптимизација на клучните сообраќајни точки за зголемување на протокот. Еден од најзначајните проекти е изградбата на кружниот тек околу парк-шума Гази Баба.

Друг клучен елемент е ревитализацијата на Стариот Чаир, со конкретни мерки за зголемување на бројот на туристи, развој на економијата и културниот живот, со трансформација на традиционалните ханови во функционални центри и епицентри на урбани активности.

Проектот предвидува и создавање на 5000 нови паркинг места, вклучувајќи механички паркинзи, како и изградба на нови младински центри, реновирање на постоечките училишта и креирање на модерен кампус за Универзитетот “Мајка Тереза”.

Посебно внимание во Мастер планот е посветено на проектот „Модерна Топхана“, кој има за цел трансформација на населбата Топхана во иконичен и атрактивен простор за Скопје, со спојување на траги од верски, културни и историски вредности со современ архитектонски јазик, во согласност со стандардите на Европската Унија.

На настанот за презентација на Мастер планот присуствуваа граѓани, архитекти, урбанисти, претставници на медиуми и јавни личности, кои ја поздравија оваа иницијатива како голем чекор кон трансформација на Чаир во европска општина со силен урбан и културен идентитет.

Можете да прочитате

Водовод потврди: Голем дел од Скопје вечерва останува без вода додека не се санира дефектот

(Видео) Пукна водоводна цевка во Влае, пола Скопје е без вода

Попладнево жителите на Гази Баба повторно се жалат дека се гушат во чад и миризба (ВИДЕО)