Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Застана откупот на пиперката ајварка поради срамно ниски цени, дебакл на ВМРО-ДПМНЕ

Aleksandar sdsm.jpeg

Прес конференција на СДСМ, Александар Димитриевски, Комисија за земјоделство

Деновиве се случува дебакл со откуп на индустриската пиперката ајварка. ВМРО-ДПМНЕ ветуваше дека е договорена цена на откуп од 45 денари за килограм денес откупот е застанат целосно. Пиперката е на нивите а цената е 20 денари за килограм. Катастрофа.


Половина од годинешната реколта на пиперката стои на нивите а земјоделците незнаат што да прават со неа. Оставена е да скапува.

СУБВЕНЦИИТЕ ОД МИНАТАТА година ЗА ПИПЕРКАТА СЕУШТЕ НЕ СЕ ИСПЛАТЕНИ.

Христијан Мицковски наместо да тера лажна кампања во земјоделството да ги повика производителите на индустриската пиперката заедно со преработувачите да седнат и да договорат динамика на откуп и дополнителна финансиска поддршка за произведена и предадена ајварка во индустриските капацитети.

Ова е една од најтешките години во земјоделството а ниту ВМРО ДПМНЕ ниту Трипуновски имаат капацитет да се справат, да разговара со земјоделците и да го одржи земјоделското производство, затоа наредната година ќе биде со рекордно најниско земјоделско производство.

Лоша организација на откуп и финансиска поддршка кон сите стратешки извозно ориентирани култури.

Токму најзастапените извозно ориентирани земјоделски култури се откупуваа и се откупуваат по далеку пониски цени од мината година.

На земјоделците не им се потребни лаги туку реални политики, власта веднаш да преземе мерки.

Можете да прочитате

За девет дена изречени над 6.000 сообраќајни санцкции

Нема Новогодишна кошница, таквите мерки имале само привремен ефект, смета Мицкоски

Спасовски со реакција за кривичната: МВРО-ВМРО се враќа на сцена секогаш кога треба да се дефокусира јавноста