Утрински Весник
Скопје

Ѓорѓиевски најави монтажен паркинг кај туристичкиот локалитет Матка

557634632 1341694507583835 2461955469375604505 n.jpg

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес беше во посета на општина Сарај, каде што најави повеќе инфраструктурни и развојни проекти насочени кон унапредување на локалната заедница и туристичкиот локалитет Матка.

„Сарај нема повеќе да биде заборавена општина. Ќе ги вложиме сите сили за нејзино целосно заживување и развој,“ истакна Ѓорѓиевски, најавувајќи изградба на монтажен паркинг кај Матка кој ќе овозможи уредено паркирање, намалување на хаосот и притисокот врз природната средина, како и контролирано управување со туристичкиот прилив


Во рамки на својата програма, Ѓорѓиевски најави и целосна реконструкција на главната улица во Сарај, со нови тротоари, осветлување и сигнализација, со цел подобрување на безбедноста и квалитетот на сообраќајот.

Меѓу клучните приоритети се и изградбата на канализациона мрежа во Долна Матка, како и осветлување на Горна Матка, што ќе придонесе за поголема безбедност и подобар квалитет на живот на жителите и туристите.

Ѓорѓиевски оствари и средба со риболовните друштва од Скопје, кои ги нарече „вистински чувари на реките“, нагласувајќи дека заштитата и чистењето на речното корито ќе бидат негови приоритети.

„Со заедничка визија и со народот, Сарај ќе прерасне во гордост на Скопје, а Матка ќе стане пример за одржлив туризам и вистинско место за уживање и живот,“ порача Ѓорѓиевски.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски: Скопје добива нов лик, интензивно се работи на клучката кај „Момин Поток“ и на „Љубљанска“

Карпошани ќе добијат Младински и Ресурсен центар

Општина Аеродром: Менторски сесии за граѓански организации – ReLOaD3