Утрински Весник
Македонија

Коалиција за зелена иднина: Претепувањето на советникот во Виница е удар врз достоинството и изборното право на Ромите

Koaliczija za zelena idnina 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Коалицијата за зелена иднина изразува длабока загриженост поради бруталниот напад врз кандидат за советник во Општина Виница. Особено алармантно е што жртвата е припадник на ромската заедница, која системски се соочува со маргинализација и дискриминација. Во предизборен период, кога кампањите се во полн ек, ваквиот чин не е само кривично дело, туку и напад врз достоинството на Ромите и врз нивното уставно и законско право да учествуваат слободно и безбедно во локалните избори—како кандидати и како гласачи.

Дополнително загрижува изборот на најголем дел од политичките партии да молчат и да се обидат да го дефокусираат вниманието на јавноста. Тој молк испраќа погрешна порака дека насилството може да се игнорира ако е „непријатно” за партиската калкулација. Со тоа се нормализира стравот, се релативизира достоинството на жртвата и се поткопува довербата дека изборниот процес е еднакво достапен за сите.


Ставот на Коалицијата за зелена иднина е јасен и недвосмислен, а тоа е дека инклузијата, правата и човековото достоинство не смеат да зависат од дневната политика. Демократијата не е декор за кампањи, туку рамка на правила што важат за сите и секогаш. Политичкиот процес има смисла само ако секој кандидат, секоја етничка заедница и секој граѓанин и граѓанка се безбедни да учествуваат без закани, насилство и омраза.

Воедно, партиското и институционално молчење пред насилство не е неутралност, тоа е сигнал кој го охрабрува и поттикнува неговото повторување. Затоа, очекуваме јавно, недвосмислено осудување и одговорно постапување од сите релевантни субјекти, во интерес на еднакво и безбедно учество на Ромите и на сите граѓани и граѓанки во изборниот процес.

Можете да прочитате

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен

АМСМ: Блокиран патот Берово-Струмица поради собир, магла кај Ресен