Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Потребна е скриниг програма за рано откривање на рак на дојка, апел од Розовиот Пикник за поддршка на жените болни од рак на дојка

20251004132625 big 730x400 50.webp.webp
Img 7972

Розов Пикник во чест на сите жени што се борат со ракот на дојка за поддршка на сите оние кои секојдневно се соочуваат со болеста организираа денеска во Градскиот парк во Скопје ХЕМА-ОНКО, здружение посветено на пациентите со рак и нивните негуватели со поддршка на „Медикус хелп“. На настанот присуствуваа жени од повеќе градови во земјата.

– Имаме многу работа. Сѐ уште немаме направено исчекори во промените и во здравствениот систем и во Законот за здравствена заштита и во скрининг програмите и во позитивната листа па дури и во начинот на кој што онкологија е организирана, односно дисперзијата. Доброто е што оваа година имавме некакви чекори напред, посебно за пациентките со рак на дојка, коишто оваа година ја добија нивната хормoнската терапија во аптеките блиску до домовите. Успеавме да вклучиме во лекувањето уште една група на пациенти со триплнегатив канцер коишто имаат генетски зависен карцином. Овие пациентки кои не се повеќе од педесетина исто така оваа година за првпат добија терапија што може да ја подигаат на Клиниката за онкологија – рече Ама Марјановиќ од ХЕМА-ОНКО.


Од организацијата нагласуваат дека ќе работат уште поактивно за да се подобрат лекувањето, превенцијата и рехабилитацијата на пациентите болни од рак.

Марјановиќ уште повтори дека пациентките за кои има сонежи дека имаат рак на дојка не треба да се препраќаат на хирургија туку на онкологија, дека треба да се набават тумор-бордовите, да се направат мултидисциплинарни тимови, како и скрининг- програма.

– Во овој момент во Македонија задолжителна скрининг-програма не постои и тоа е навистина проблем. Ние веќе преговараме оваа скрининг-програма да стане облигаторна за сите граѓани од 40 до 69 години, исто така да стане облигаторна за матичните лекари, односно тие да ја водат грижата за своите пациентки. Се преговара со тимовите од радиологија да се изнајдат доволно термини – рече Марјановиќ.

Таа скрининг-програма, додаде, треба да биде ефикасна, реална, ќе бидат опфатени сите пациенти, ќе биде долгорочна и ќе даде вистински резултати.

– Доколку канцерот се дијагностицира во нулти или во прв стадиум сите знаеме дека прогнозите се извонредни, дека овие пациенти ќе можат да продолжат со својот живот како никогаш да го немале – рече Марјановиќ.

Како што истакна таа, мултидисциплинарните тимови веќе се подготовка.

ХЕМА-ОНКО подготвува брошура која што ќе им се дели на сите новодијагностицирани пациенти со рак која треба да ги содржи сите информации каде да се обратат, што треба да направат, совети за лекување и хемотерапијата, за помагалата, вежби за лимфодема итн.

Милица Кузмановска рече дека на денешниот настан во Скопје има пациентки од повеќе градови во земјата и тоа од Гостивар, Ресен, Виница, Струмица, Свети Николе. Таа се заблагодари на општините кои обезбедиле превоз за пациентките.

– Оваа година под мотото „Силни сме кога сме заедно“ сакавме да испратиме порака до сите оние кои се лекуваат во моментот, да дадеме поддршка до оние помлади жени бидејќи здравствена култура во нашата држава е на многу ниско ниво. Сите се плашат од прегледи и тоа мора да го смениме да има една превенција, да има една скрининг-програма која ќе функционира. Сакаме преку еден ваков настан да ги обединиме сите оние кои се инволвирани на оваа тема, сакаме да има одадеме почит и на оние кои ги изгубија животите, меѓутоа дајте да се фокусираме на нешто кое би променило многу работи во нашиот здравствен систем – рече Кузмановска која нагласи дека исто така е многу важна и рехабилитацијата на пациентите со рак.

Можете да прочитате

Мицкоски: Случаите на Филипче и струмичкото лоби се во фиока – по изборите ќе има правда за сите

Филипче од Велес: За Владата на Мицкоски поважни се олигарсите, отколку работниците

Запленета дрога на автопатот Скопје-Велес